Fiat Chrysler се договори со Tesla :: Фиктивно партнерство за помали казни

Фиктивно партнерство за помали казни

Во пресрет на високите казни за пречекорување на емисиите на јагленород диоксид, производителите на автомобили се снаоѓаат на разни начини

Објавено на 9 април 2019 година

Fiat Chrysler ќе плати стотици милиони евра на Tesla за да ги вклучи неговите модели во сопствената гама со цел да се намалат просечните емисии во издувните гасови. Точната сума не е објавена, а вклучувањето на возилата на Tesla во производствената програма на Fiat Chrysler ќе биде само фиктивно и двете компании и понатаму ќе делуваат целосно независно. Овој договор е постигнат како превентива да се избегнат високите казни за пречекорување на емисиите на јагленород диоксид кои во Европа ќе стапат на сила во 2021 година. Тој не предвидува никаква соработка или евентуално делење на технологиите.

Ваквите тргувања со еколошките лимити не се новост во индустријата. Законодавците во нив не гледаат ништо лошо бидејќи сметаат дека на тој начин еколошки освестените компании се наградуваат со екстра приходи за своите напори за помали емисии. Тие пак кај автомобилите се предвидени да се намалат на просечни 95 грама јагленород диоксид на километар. Секој грам над лимитот повлекува големи казни, кои можат да се искачат до милијарди евра. Во недостаток на хибридни и електрични возила во својата програма, тоа го натера Fiat Chrysler интензивно да бара партнер за заеднички административен настап на пазарот. Фиктивното здружување со Tesla драстично ќе ја намали просечната емисијата, а со тоа и евентуалните казни. Цената на крај ќе ја платат сите – купувачите преку поскапите возилата, а граѓаните со дишење на еднакво загадениот воздух. За жал, правилата на Европската Унија го дозволуваат ова.

Иако е посочен како најризичен, Fiat Chrysler не е единствен што има проблеми со високите емисии. Неговата гама во моментот емитува просечни 123 грама јагленород диоксид на километар, додека просекот на индустријата е 120,5 грама.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER