Подобро од најдоброто
Ferrari претстави уникатен модел направен според желбите на анонимен купувач
Објавено на 28 март 2019 година
Потрагата по вистинското е долга и често знае да залута. Правиот пат го посочуваат многу мали нешта кои ако исправно се подредат ќе доведат до големо задоволство. За тоа повеќе не мора да се грижи анонимниот купувач на најновиот уникат на Ferrari работен по нарачка, на кој чекаше повеќе од три години. Идеја беше да се создаде модерен спортски модел по углед на славните 330 P и Dino 206 кои во шеесеттите години беа икони. Како основа е искористен 488 GT3, а бидејќи е тркачки автомобил неговите творци имаа повеќе слобода. За P80/C како што му е ознаката да биде беспрекорен се истражуваа разни можности во дизајнот и техниката. Предни светла практично нема, а на задниот дел се истакнуваат масивниот спојлер и фиксниот дифузор како кај GT3 автомобилите. Перформансите се ставени на прво место, но за жал од Маранело не кажаа ништо за нив и за моторот. И цената остана непознаница, но сигурно е дека е повеќекратно поголема од најскапиот сериски Ferrari.
Видео