Елон Маск потклекна под вистината

Објавено на 1 октомври 2018 година

Под притисокот на фактите, харизматичниот предводник на новото доба Елон Макс се повлекува од претседателската функција во Tesla. Покрај тоа, неговата компанија ќе плати и глоба во висина од 20 милиони долари, сé со цел да се избегне судскиот процес кој може многу повеќе да наштети. До оваа разврска дојде откако американската комисија за хартии од вредност поднесе тужба против него товарејќи го за лажните твитови со кои ја доведе до заблуда јавноста дека Tesla ќе биде приватизирана со откупување на нејзините акции од постоечките акционери и повлекување од тргувањето на берзата со нив. Маск притоа тврдеше дека веќе се обезбедени средствата за таа намена во висина од неколку десетици милијарди долари, што се покажа како невистинито.

Овој чекор на Маск горе-долу е очекуван бидејќи да не беше така тој ќе беше оптужен за измама кон акционерите и берзата, што според американските закони е сериозно кривично дело. Маск сега има 45 дена рок да ја напушти својата главна функција во Tesla, но тој и понатаму ќе остане сопственик на нејзините 20%. За да се врати назад на претседателското место ќе треба да поминат три години. Дотогаш на чело на управата ќе биде некоја друга личност, а неговото место во управниот ќе го зазедат двајца нови членови. Tesla ќе мора да основа и нова комисија составена од независни директори (има ли такви?) и да примени нови процедури и контроли со кои ќе се надгледува како Маск комуницира со јавноста. Последно наведено во спогодбата на Елон Маск со властите, иако доста битно, е и дека тој ќе ја задржи позицијата на генерален извршен директор на Tesla.

клучни зборови: занимливости, Tesla

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе