Електричниот автобус тргна низ улиците на Скопје

После поставувањето на неопходните полначи, електричниот автобус е подготвен да им служи на граѓаните на нашиот главен град
Објавено на 7 мај 2018 година

Скопје се вброи во градовите во кои циркулираат електрични автобуси - засега само еден, и тоа пробно, но се надеваме дека ќе ги покаже своите квалитети за да нашиот главен град стане полноправен член на друштвото метрополи кои се грижат за здравјето на своите жители. А аргументи за тоа автобусот има - воопшто не загадува со издувни гасови, а трошоците за негова експлоатација се драстично помали. Овој автобус е производ на компанијата Chariot Motors, која бесплатно го отстапи на градот за период од 6 месеци. Ќе сообраќа на линијата 15, на чии крајни постојки во Ново Лисиче и Карпош 4 се поставени станиците за полнење. Нема батерии туку ултра-кондензатори со висок капацитет, кои функционираат на истиот принцип како и KERS системот во болидите во формула 1. Според производителот троши околу 1 киловат-час струја на секој изминат километар.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии