Електрични шампиони

Во Кина постојат 487 производители на електрични автомобили
Објавено на 21 јули 2018 година

На „староседелците“ на пазарот на електрични возила како што се Nissan, Renault или Tesla постојано им се придружуваат нови имиња, но вистинскиот налет на електричните автомобили допрва претстои - од Кина. Имено, според анализата на угледниот Wall Street Journal таму постојат неверојатни 487 производители на електрични автомобили. Или поточно би било да напишеме „производители“ бидејќи се работи за стартап компании кои сакаат да произведуваат електрични автомобили настанати како резултат на големите државни субвенции. Кина веќе е најголем пазар на електричните возила но официјален Пекинг сака земјата да стане светски предводник во оваа технологија заради што веќе се поделени 15 милијарди долара субвенции, а дополнителни 47 милијарди се подготвуваат. Резултатот е повеќе од видлив, но сепак се очекува само 1% од овие компании да доживеат и навистина да започнат да произведуваат електрични возила.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии