Едно мало, друго таман, а трето…

Европската премиера на е-Tron можеби го одвлече вниманието од A1 и Q3, но никако не ги засени овие два модела
Објавено на 12 октомври 2018 година

Иако се произведува во француското соседство, во Белгија, електричниот првенец на Audi го имаа видео само Американците. Тука сепак беше доживеан како премиера која вистински ги покажува своите мускули. А тие се добро набилдани - двата електромотора со вкупно 408 коњски сили ќе го забрзаат e-Tron до сто на час за 5,7 секунди, а максималната брзина електронски му е ограничена на 200 километри на час. Поголем дел од времето во функција е само задниот електромотор, а по потреба екстра силина се распределува и на предната оска. Овој спортски кросовер е замислен да биде соодветен за секојдневна употреба според димензиите, пространоста и едноставноста за користење. Со едно полнење на батериите Audi e-Tron може да помине повеќе од 400 километри. Тоа е постигнато со иновативниот систем за обновување на енергијата, кој обезбедува до 30 отсто рециклирана електрична струја за задвижување на возилото. За големата ефикасност заслужна е и софистицираната аеродинамика. За перфектно да бидат подготвени за стартот на неговото производство, работниците во фабриката во Брисел имаат поминато повеќе од 200.000 часа тренинг.


Audi Paris Втората генерација на Audi A1 беше дочекана како лидер на градската класа. Слоганот „Идеален сопатник за урбан животен стил“ под кој беше претставен, најдобро го опишува. Со својот остар и аглест дизајн, најмалиот модел од Инголштат е толку атрактивен што скоро му го украде вниманието на новиот Q3. Тој пак се перчеше со изгледот позајмен од Q8, порачувајќи дека сите очекувања може да ги исполни во голем стил. Широката палета мотори опфаќа бензински и дизел агрегати со моќност од 150 до 240 коњски сили. Ќе биде достапен и како plug-in хибрид, а се очекуваат и SQ3 и RS Q3 изведбите. Продажбата ќе му започне при крајот на годината, а цените засега не се познати.

Париската оставата на Audi ја дополнија уште и Q8, SQ2, фејслифтираниот TT, PB18 e-tron и тркачот R8 LMS.

клучни зборови: новитети, Audi

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе