Една година успешна приказна

Премиум квалитет, гарантирани километри и комплетна историја
Објавено на 1 јуни 2018 година

Во пријатна и опуштена атмосфера, Olympia Motors Outlet со своите клиенти, пријатели и соработници го одбележа својот прв роденден. Тие ќе сведочат за постигнатиот успех, задоволството од купувањето и почетокот на уште многу успешни години во кои ќе следат новитети за купување на користени возила. За една година активен труд и заложба во градење на вистински вредности, Оlympia Motors Outlet продаде над 150 возила од различни брендови. Во секое време располага со залиха од над 60 возила од патничка и товарна верзија, за кои има обезбедено гаранција од 6 до 12 месеци, помош на пат во траење од 12 месеци, како и можност за земи, вози, врати со кои на купувачите им се нуди можат во рок од 30 дена да го врати возилото со рефундирање на износот за истото.


Од Olympia Motors Outlet велат дека и најдолгата приказна започнува со еден збор, но овој случај тој не е доволен да се каже сé - требаат повеќе зборови бидејќи Olympia Motors Outlet веќе е синоним со нивната посветеност на патот кон реализација на визија која трпеливо ја градат на три темели - одлучност во постапките, мотивација за извонредност во работењето и отчетност кон клиентите. "Целта на нашето работење е да бидеме број 1 во регионот за продажба на користени возила преку начелата за кои се залагаме. Одлучивме да постапуваме етички, отворено и со подадена рака кон нашите клиенти. Се мотивираме да бидеме уникатни, посебни и препознатливи и со нашите активности создаваме вредности и градиме доверба со нашите клиенти. Ја избравме отчетноста за принцип на фер однесување кон нашите купувачи“ - велат одговорните од Оlympia Motors Outlet.

Olympia Motors Outlet нуди користени возила од патничка и товарна програма, финансиска поддршка во купување на избраното возило преку кредит или лизинг, замена на старо за старо возило, посредување во продажба, долгорочно изнајмување како и нарачка на возило според желбите и/или потребите на клиентот.


Olympia Motors Outlet

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии