Škoda Vision RS

Еден брз поглед

Со концептот Vision RS, Škoda ни ја покажа својата визија за идните RS модели
Објавено на 1 октомври 2018 година

Предвечерието на салонот на автомобилите во Париз е идеална прилика да се престават своите премиери пред сите други. Но тоа мора да биде брзо - токму како што Škoda го направи со Vision RS. Сепак и да имаше повеќе време на располагање, пак брзо ќе го претставеше бидејќи овој концепт ја претставува брзината, онаква каква што во иднина ќе ја гледаме од Škoda. Идејата на неговото создавање е да се искомбинираат задоволството во возењето и одговорноста за животната средина, и тоа во еднаква мерка. Затоа и Vision RS има plug-in хибридна погонска група - 1,5 литарскиот TSi му дава на 150 коњски сили, а електромоторот уште стотина. Пакетот батерии поддржува автономија од 70 километри со возење без емисии.


Škoda Vision RS Освен за брзината и екологијата, новиот концепт ја покажува визијата на Škoda и за ентериерот на идните модели. Внатрешниот дизајн ја истакнува подобрената функционалност, а големиот инфозабавен дисплеј на централното место желбата за создавање пријатен амбиент. Тоа е поткрепено и со седиштата направени од еколошки материјали и поврзувањето со гласовниот асистент Alexa. Иако претставен во друга конотација, се очекува од овој концепт да се изроди наследникот на Rapid.


Škoda Vision RS

клучни зборови: новитети, Škoda

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе