Mercedes Actros

Довербата е сé

Доверба беше главна и основа тема на забавата на Mercedes која се одржа во салонот на Мак Аутостар со Actros во главната улога
Објавено на 5 мај 2018 година

Македонија нема море а железница исто како да нема, така што целокупниот увоз и извоз се одвива на тркала. Економијата на земјата зависи од возниот парк што го поседуваат нашите транспортери. Заради тоа при изборот на нов камион примарен нивни критериум е довербата. Токму таа беше тема на промотивната забава што ја организираше Мак Аутостар, официјалниот застапник на Mercedes за Македонија. Главен протагонист беше докажаниот Actros, кој иако не е најнов успешно се носи со конкуренцијата. Главен адут секако му е довербата што купувачите ја имаат во него. 
Mercedes ActrosТаа секогаш е во фокусот на работењето на Mercedes, за што сведочеа и зборовите на директорот на товарната програма на Мак Аутостар Михаило Зографски. Во своето кратко излагање тој истакна дека довербата лежи во срцето на силна врска која години наназад се воспоставува со клиентите. Како нивни вистински партнер, оваа наша компанија им понуди нова атрактивна лизинг понуда за Actros со две опции - учество од само 10.000 евра или со каматна стапка од 2,99 отсто.

Довербата се стекнува тешко, а уште потешко се одржува. И овој потег на Мак Аутостар е во таа насока - да им се овозможи на нашите транспортери да набават докажани камиони по поволни и исплатливи услови. Наредниот чекор е да се стекне доверба во јавниот градски превоз, каде пробно веќе циркулира автобус од оваа марка со погон на метан. Знаејќи колку ваквите возила ќе придонесат за намалување на загадувањето на воздухот што го дишеме, се надеваме дека тоа брзо ќе се случи.


Mercedes Actros

клучни зборови: Македонија, Mercedes Actros

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе