Donkervoot D8 GTO JD70 – Холандскиот виор

Занимливости Новитети

Олеснет и побрз

Со воведување на делови од јаглеродни влакна смалена е тежината и зголемени се перформансите

објавено на 05. август 2020

Доколку имате многу среќа можете да видите еден од малкуте, дали на патека или на пат, но ви треба многу среќа! Donkervoot е холандски производите на рачно изработени спортски автомобили кој користи мотори од Audi RS а за останатите технички компоненти се грижи сам и ги набавува на слободниот пазар. Овој егзотичен производител нема можност да направи големи серии токму поради спецификата на своите модели. Актуелната еволуција базирана врз D8 GTO има многу надградувања во име на перформансите. Со стандардните пневматици и опременост способен е да направи 2Г латерално забрзување во свиок! Доколку се долги свиоците на возачот ќе треба да позајми анти Г одело. Односот на тежината помала од два килограми по коњска сила Donkervoot D8 GTO JD70 го вбројува меѓу најбрзите легални за возење автомобили во секојдневниот сообраќај. Со вметнување на делови од јагленородни влакна каросеријата е полесна за шест килограми што за нијанса ќе ја подобри и онака врвната динамика. Тежи само 700 килограми додека TFSI моторот од 415 коњи постига 520 Nm па не зачудува што забрзувањето до стотка е за само 2,8 секунди а за 10 секунди брзинометарот се искачува до 200! Фасцинантните возни својства ја потврдуваат ориентацијата на компанијата која се негува 36 години. Тоа се ултимативни возни својства без никаков компромис. Планирано е производство од стрикно ограничени 70 примероци кои ќе се продаваат по 152.000 евра секој.