Seat 25 Years

Домати, краставици и Seat

Објавено на 14 мај 2018 година

Додека ние извезуваме рани домати, краставици и зелка од струмичко во Бугарија, Романија, Украина и поранешните југословенски републики, Seat од својата фабрика во Марторел извезува автомобили во 80 земји. По повод 25-годишнината од својата фабрика во ова предградие на Барселона, Шпанците споделија видео во кое ни покажуваат колку има напреднато автомобилското производство за овој период. Кога се отвори во 1993 година, оваа фабрика важеше за една од најмодерните во Европа. Вработуваше 6.000 луѓе, а беше опремена со 84 роботи. Денес оваа фабрика е седум пати поголема и има капацитет за 2.300 возила дневно. Плата од неа примаат 12.000 луѓе, на кои во работата им помагаат 2.000 роботи. Меѓу нив се и 125 автоматски возила кои сами без возач ги пренесуваат компонентите до монтажната лента. Целосно е дигитализирана, а времето за производство на еден автомобил е намалено од 60 на само 16 часа. Од неа на секои 40 секунди излегува по едно возило. Со голем дел од потребната енергијата се снабдува сама, со помош на 53.000 сончеви колектори. За овие 25 години во фабриката во Марторел се произведени скоро 10 милиони автомобили од 39 модели.

 

Видео

клучни зборови: занимливости, видео, Seat

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии