Дизелот поевтин, бензинот поскап

Top News Македонија

Дизелот поевтин, бензинот поскап

Од утре дизелот ќе биде поевтин а бензинот поскап
Објавено на 8 јули 2019 година

Регулаторната комисија за енергетика на својата денешна седница реши да плаќаме помалку за дизел, а повеќе за бензин – од полноќ литар бензин ќе чини половина денар повеќе, а литар дизел половина денар помалку. До ваквото горе-долу поместување е дојдено како резултат на зголемувањето на референтната цена на бензинот на светските берзи за 0,376% и намалувањето на дизелот за 2,303%, како и на поскапувањето на доларот за 0,413%. Протнати низ нашата математика наречена методологија за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, овие проценти се трансформираат во 69 денари за литар Еуросупер БС 95, 71 денар за литар Еуросупер БС 98  и 61 денар за литар Еуродизел БС Д-Е V.