Дизел или бензин, прашањето е сега

А одговорот е соломонски - ни едното, ни другото, туку струјата!
Објавено на 6 декември 2018 година

Дизелгејт аферата добро го здрма Volkswagen, кој сé уште ги чувствува последиците од неа. Но империјата од Волфсбург реши да го возврати ударот и да ги прати во историјата и дизелите, и бензинците - во иднина струјата ќе биде единствена погонска сила за нивните возила. Ова го изјави главниот стратег на Volkswagen Михаел Јост, кој рече дека во 2026 година на пазарот ќе стигне нова генерација на мотори со внатрешно согорување која ќе биде последна. После тоа ќе се престане со нивни развој и сé понатаму што ќе се појави ќе биде на струја. Со ова тој стави крај на шпекулациите на разни стручњаци кои предвидуваа нова ренесанса на дизел моторите предводена токму од Volkswagen.


Можеби се чини избрзана, но оваа одлука на раководството на најпродаваната марка во Европа и Кина е сосема логична. Навременото посветување на усовршувањето на електричните погонски склопови им ќе даде значајна пазарна предност, иста каква што на времето имаа со дизел агрегатите. Со оглед на сé почестите забрани за сообраќај на ваквите возила, јасно е дека нивното време сепак поминало. Замената на производството на сегашните автомобили со електрични сепак нема да се случи преку ноќ, заради што и Volkswagen добро се подготви. Компанијата веќе има склучено договори за набавка на батерии за 50 милиона електрични автомобили. Колку и да звучи нестварно, оваа бизнис одлука фрла сосема ново светло на замислите на групата кои вклучуваат широка понуда на разни електрични модели и агресивна ценовна политика за нивно пласирање.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Volkswagen

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе