Ford Fiesta

Дијаметрално спротивни,
но со заеднички гени

Година дена по лансирањето, Ford ја дополни гамата на Fiesta со две нови верзии
Објавено на 7 мај 2018 година

Првата од двете нови верзии на Ford Fiesta беше најавена и ќе биде интересна за сите оние на кои низ вените им тече бензин. Погодувате - се работи за спортската ST изведба, чиј турбо мотор сега има три цилиндри и 1,5 литри. Иако помал, располага со истите 200 коњи кои чуда прават во каросеријата тешка 1.200 килограми. Низ бројки изразено тоа значи забрзување до сто за 6,5 секунди и максимални 232 километри на час. Покрај електрониката, за контрола на перформансите 
Ford Fiestaи за безбедноста се грижат механичкиот самоблокирачки диференцијал, покрутите стабилизатори и големите дискови на сопирачките. За кревање на адреналинот Fiesta ST е опремена со Launch Control и активен издувен систем кој создава уникатен звук. Мислено е и на економичноста, така што располага со систем за деактивирање на еден цилиндар при мали оптоварувања. Купувачите ќе бираат меѓу верзиите со три и пет врати, по цени од 22 до 26 илјади евра.

Новата доставна верзија на Fiesta ќе ги израдува оние на кои автомобилот им треба за работа. Претставена е на салонот за комерцијални возила во Бирмингем и во продажба ќе се најде наесен на сите европски пазари. Располага со товарен простор од околу еден кубен метар, а носивоста ѝ изнесува 500 килограми. На купувачите на располагање ќе им биде со два бензински и два дизел мотори со моќност од 85 до 125 коњски сили. Иако е во прашање комерцијално возило, Ford Fiesta Van може да се нарача со бројни системи за асистенција но и да се разубави со 18-инчни алуминиумски тркала.


Ford Fiesta

клучни зборови: новитети, Ford Fiesta

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии