Детроит 2019 без Германци

Volkswagen остана единствената германска марка која ќе учествува на салонот на автомобилите во Детроит идната година
Објавено на 17 мај 2018 година

Детроит е колевка на американската автомобилска индустрија, но купувачите се во Њујорк и Лос Анџелес. Така размислуваат доста производители кои еден по еден сé повеќе се откажуваат од учеството на тамошниот салон на автомобилите. Од големите годинава ги немаше Porsche, Jaguar, Land Rover, Mazda, Volvo. На нив од идната година ќе им се придружат и Audi, BMW и Mercedes. Другите сé уште молчат, но списокот сигурно нема да заврши тука.


Салонот во Детроит традиционално се одржува во јануари. Почетоците му задираат до крајот на 19-ти век, а од 1989 година застана рамо до рамо со највлијателните светски авто-манифестации - оние во Женева, Токио, Париз и Франкфурт. Последнава декада неговиот имиџ сé повеќе опаѓаше, истовремено интересот на производителите за салоните во Њујорк и Лос Анџелес растеше. Финалниот удар по сé изгледа му го зададе саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас. Тој стана место каде производителите ги претставуваат своите најнови технологии. Заради ова и заради студените зими, организаторите на детроитскиот авто-шоу размислуваат да го променат терминот и тој да се одржува во октомври. Сепак тоа најрано може да го очекуваме за неколку години, а дотогаш им останува на производителите да се пресметаат дали ќе им се исплатат трошоците од десетина милиони долари колку што ги чини изложувањето во Детроит. Се проценува дека од одржувањето на овој салон во локалната економија се слеваат околу половина милијарда долари секоја година.

клучни зборови: салони, Детроит

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии