Mercedes-Benz Vision EQ Silver Arrow

Демонстратор на достигнувањата

Не беше главна премиера, но беше голема атракција во Париз
Објавено на 3 ноември 2018 година

Современата реинкарнација на сребрената стрела на Mercedes од славните тркачки времиња на марката како магнет ги привлекуваше погледите на посетителите на салонот на автомобилите во француската престолнина. Подготвена е наменски да ги демонстрира достигнувањата во технологиите, пред сé електриката. Погонската група располага со 750 коњски сили и батерии кои овозможуваат автономија од 400 километри. Значајно за неа е тоа што е составена од компоненти кои веќе се развиени и подготвени за производство. Во тоа лежи и скриената порака на овој спортски концепт. Тој треба да го најави пристигнувањето на најмалку 10 електрични возила на Mercedes во наредните три години.


Mercedes-Benz Vision EQ Silver Arrow Што се однесува до изгледот, тој е повеќе од привлечен. Со голема доза на футуризам но и некои стилски линии од сегашно време, овој 5,3 метри долг болид со едно седиште поседува каросерија од јагленородни влакна. Делумно покриените тркала се од 24 и 26 инчи, а за аеродинамиката придонесува и активниот заден спојлер. Дел од опремата во внатрешноста исто така се среќава кај денешните модели на марката. За некакво производство на овој атрактивен концепт нема ниту збор од Mercedes.


Mercedes-Benz Vision EQ Silver Arrow

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Mercedes-Benz Vision EQ Silver Arrow

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе