Данска воведува дигитални возачки дозволи

Од 2020 година возачите во Данска место возачка дозвола ќе мора да носат мобилен телефон со себе
Објавено на 26 септември 2018 година

Земјата која е лидер во дигиталната писменост, Данска, ќе стане прва во светот во која возачките дозволи ќе бидат дигитални, достапни преку апликација за мобилен телефон. Идејата која треба да се спроведе во наредните две години е потврдена од страна на данското министерство за финансии, од каде велат возачката дозвола ќе биде прв официјален документ за идентификација што ќе се дигитализира, со цел администрацијата да стане поефикасна. Сепак се додава дека дигиталните возачки дозволи нема да ги заменат сегашните, туку ќе ги надополнат. Во соопштението не се споменува до каде е развојот на апликацијата, но се кажува дека таа ќе биде заштитена од злоупотреби преку логирање на неа со технологијата за отпечатоци или со безбедносен сертификат. Се додава и дека паралелно ќе биде воведен дигитален процес за аплицирање за возачка дозвола, со цел да се заштеди време и на апликантите и на властите.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе