Citroen C4 Cactus

Citroen C4 Cactus (со видео)

Францускиот адут за дополнително провоцирање на пазарот пристигна во Македонија со интересни цени
Објавено на 4 мај 2018 година

Беше и остана провокативен, иако сега е сосема различен од својот претходник. Новиот C4 Cactus по многу нешта се издвојува од своите конкуренти во компактниот сегмент, биле тие хечбек или кросовер модели. Пристигна и во Македонија и нашите купувачи ќе можат да се уверат во тоа, одблиску запознавајќи се со неговиот модерен и препознатлив дизајн, бескомпромисната удобност, напредните технологии со кои располага и со моторите од најнова генерација. За него од Citroen велат дека го внесува комфорот на автомобилите во нова димензија. За тоа е заслужна програмата Advanced Comfort, во која настана и Progressive Hydraulic Cushions ослонувањето кое ги филтрира нерамнините на патот, 
Citroen C4 Cactusтака што при возење се добива чувство како да се лебди на летечки килим. И новите седишта се изработени во согласност со наведената програма, гарантирајќи на тој начин оптимално држење на телото. Новиот Citroen C4 Cactus е иноватор и во делот на звучна изолација и опрема со секојдневна примена. На своите патници им нуди технологија од 12 уреди за помош во возењето и 3 технологии за поврзување, мотори со високи перформанси за да се чувствуваат релаксирано зад управувачот на новиот C4 Cactus.

Во понудата на македонскиот увозник за Citroen, Автонова од Скопје, се опфатени 31 комбинација за персонализација со 9 бои на каросеријата и 4 елегантни и софистицирани пакети боја, така што купувачите ќе да бидат самите дизајнери на своите возила. Патничкиот простор е функционален и веќе на прв поглед создава чувство на релаксираност со петте различни амбиенти кои секој за себе гарантира светлина, нежност и елеганција. Сето тоа и многу повеќе, по промотивни цени кои започнуваат од 13.490 евра. Ние веќе го возевме и еве какви импресии остави на нас.


Citroen C4 Cactus

 

Видео

клучни зборови: новитети, Македонија, видео галерии, видео на денот, Citroen C4 Cactus

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии