Citroen 19_19

насловна

Футуристички напреден но сепак реалистичен

После симболот на градската мобилност Ami One, Citroen како дел од одбележувањето на својата 100-годишнина го подготви и вториот концепт

објавено на 15 мај 2019 година

Симболично означен како 19_19, новиот концепт на Citroen треба да ја претстави визијата на марката за возење на подолги релации со исклучителна удобност. Како што наследството на марката налага, тој е целосно неконвенционален и се разликува од вообичаените автомобил. Вонсериските пропорции и тркалата од дури 30 инчи овозможуваат спектакуларен дизајн на застаклената кабина инспириран од аеронаутиката. Обмислена е како вистинска дневна соба и така е уредена. Секој патник ќе се чувствува единствено удобно благодарејќи на ослонувањето со прогресивни хидраулични граничници. Автономните способности и комуникацијата преку гласовни команди ќе овозможат целосно уживање во возењето. Погонската технологија содржи два електромотора со 462 коњски сили и батериите од 100 киловат-часа му обезбедуваат вселенски перформанси и автономија од 800 километри. Конципиран е за брзо полнење без кабли, при што за 20 минути се овозможува обновување на енергијата за 600 километри. Батериите можат да се дополнуваат и во текот на возењето, ако постои инфраструктура за тоа.

Очигледно замислени да се дополнуваат еден со друг, овие два електрични концепти на Citroen треба да ги исполнат сите потреби на купувачите кои сакаат слободно но и еколошки да се движат во иднината што претстои.

Видео