Škoda Rapid

Чекор поблизу

Škoda започна да го најавува наследникот на Rapid
Објавено на 9 октомври 2018 година

Откако минатата недела го претстави Vision RS концептот на салонот на автомобилите во Париз како наговестување што може да очекуваме од наследникот на Rapid, Škoda и официјално започна со негово најавување. Засега само со оваа една единствена затемнета фотографија, на која сепак јасно се гледа силуетата на серискиот модел. Но нејзиното појавување значи и дека моделот е поблизу до своето претставување отколку што првобитно се очекуваше - на салонот во Женева. Сегашните проценки се дека можеби ќе го видиме и пред крајот на годината.

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Škoda Rapid

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе