Lanmodo

Чадор за автомобил

Мислевме дека сé сме виделе, но вакво нешто навистина не сме ни помислувале дека има
Објавено на 9 мај 2018 година

Сите ја сакаме пролетта но таа понекогаш знае да нé излуди со своите променливи временски услови, како сега на пример. Непредвидливите пролетни временски услови на маки ги ставаат излетниците, но и сите сопственици на автомобили бидејќи по правило дождот ќе падне веднаш откако ќе го измиете вашиот миленик на четири тркала. Во контекст на тоа е и веста за производот на компанијата Lanmodo, кој е првиот во светот чадор за автомобил. Сепак едно е сосема сигурно - дека ќе го олесни животот на сите возачи. Идејата е едноставна - специјално платно растегнато како голем чадор 
Lanmodoго покрива автомобилот штитејќи го од сонце, дожд или град, но и од други нешта кои можат да паднат на него и да го оштетат. Структурата му е од фиберглас, а големината му е универзална. Се поставува лесно и воопшто не го оштетува лакот на автомобилот. Издржува ветер со брзина до 50 километри на час, а според кинеската компанијата ја намалува температурата во автомобилот за цели 36 степени целзиусови.

Иако сето ова е доволна причина да размислите за негова набавка, иноваторите на Lanmodo имаат отидено малку подалеку. Постои изведба со далечинско отворање, за што требаат само 8 секунди. Батеријата што го напојува електромоторот се полни три часа, а трае 45 дена. Плус на сé бидејќи замислен е да послужи и како тенда или шатор за заштита на луѓето, опремен е и со ЛЕД светла и USB конектор. Во зависност од изведбата цената му изнесува од 240 до 500 долари, а испораката е бесплатна низ целиот свет.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии