Cadillac Lyric – електрична иднина

Top News Поглед во иднината

Лирска песна или електро поп?

Американскиот премиум бренд покажа студија со која, сем изгледот, ја покажува и технологијата која ќе ја примени наскоро

објавено 10 август 2020

Како предвесник на идните електрични автомобили, во Детроит Cadillac го претстави концепт  автомобилот Lyric. Моќниот теренец, исто така, го најавува изгледот на идните на брендот. Детали за моторот не беа дадени, но верзијата во подоцнежната серија треба да има стандарден опсег од околу 480 километри и батеријата ќе има капацитет од околу 100 киловат часови. Покрај тоа, Кадилак ветува практични возни функции за домашниот пазар во САД, кои се проширени за да вклучуваат автономни промени на лентата на движење. Можно да се вклучи и систем за самостоен паркинг контролиран однадвор од возилото. Спортско-корисното возило има погон на задната оска или по избор на сите четири тркала. Инструмент таблата е 33-инчен LED екран. За дисплејот се вели дека има најголема густина на пиксели во автомобилската индустрија до денес и може да прикаже над милијарда бои.