Дали знаете кој е првиот сериски плаг-ин автомобил во светот?

Не, не е јапонски, ниту американски, уште помалку европски…

Годината 2008-ма на салонот на автомобилите во Женева, една целосно непозната кинеска марка имаше свое преставување. Станува збор за BYD кој со производство на возила имаше започнато пред само три години. Публиката се интересираше за изложеното бидејќи кинеските возила тогаш сé уште беа голема непознаница, но ретко кој регистрираше дека BYD на својот штанд има голема новост – моделот F3DM чии последни две букви од ознаката се кратенка од Dual-mode. Така, значењето на овој автомобил тогаш остана несфатено.

А тој со својот еднолитарски бензински мотор со 68 коњски сили, двата електромотора од 34 односно 68 коњи и батериите од 16 киловат-часа кои се полнеа преку стандарден штекер можеше на струја да помине 100 km. Продажбата му започна при крајот на годината и до 2013-тата до кога се произведуваше беа направени едвај 3.284 примероци од кои 11 завршија во Европа. Цената му беше скоро три пати повисока отколку бензинскиот модел од кој беше изведен.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER