BYD – продира во Германија

Вести

Кинезите имаат одлична технологија

Прв договор на BYD за испорака на електрични автобуси за Германија

објавено 11 август 2020

Кинеската компанија BYD (Build Your Dreams) е позната на автомобилската јавност по долгогодишните најави дека ќе започне со продажба на своите автомобили во Европа. Дури имаше и два настапи на Женевскиот салон на автомобили каде рпетстави неколку лимузини со пристоен надворешен дизајн во кои немаше пристап во внатрешноста. И кога јавноста ја подзаборави оваа компанија таа работеше на развој на електричниот погон, поточно за масовниот транспорт. За десет години, колку што работи на изработка на електрични автобуси, стана најголем производител во светот со пласирани повеќе од 50.000 примероци! Хектичното име  Build Your Dreams (изгради ги своите соништа) успеа да се пробие на Германскиот пазар, срамежливо и скромно, но тоа е само почеток. Потпишаниот договор со компанијата за гратски превоз на патници во Бохум и Гајзелкирхен нарача вкупно 22 електрични автобуси. Првиот е предаден во Гајзелкирхен пред неколку дена. Долг е 12 метри и има простор за 80 патници и може да помине 200 километри. Покрај стандардната верзија, достапна е и кратка од 8,70 метри и верзија долга 18 метри. Во Европа, возилата досега главно се доставуваа во Скандинавија. Препознатливите лондоски ”даблдекери” на струја кои се во употреба во главниот град на Обиденетото Кралевство ја употребуваат  технологија на BYD.