Bugatti La Voiture Noire (со видео)

насловна

Најскапиот нов автомобил на сите времиња

Фасцинантаниот Bugatti La Voiture Noire кој беше покажан на салонот во Женева е продаден за 16,5 милиони евра

Објавено на 11 март 2019 година

Ексклузивноста не признава никакви граници, дури ни оние што сами ќе си ги поставите. Со својот најнов модел, Bugatti ги фрли сите во хоризонтала. Направен во само еден примерок по повод 110-годишнината на марката и има ознака La Voiture Noire, или во превод црн автомобил. Во основа претставува модерна интерпретација на Type 57 SC Atlantic, кој основачот на Bugatti го има загубено во втората светска војна. Механиката е добро познатата од Chiron – 8-литарскиот W16 кој со помош на четири турбокомопресори развива 1.500 KS и 1600 Nm. Оваа црна ѕверка има каросеријата со уникатен изглед рачно изработена од карбон. Посебно плени задниот дел со ЛЕД светлата по цела широчина и шесте издувни цевки. Кулминација во целата приказна за него е цената, која првобитно била предвидена да изнесува 11 милиони евра. Но претседателот на Bugatti Штефан Винкелман откри дека ова ремек-дело на автомобилската уметност е продаден на посебен љубител на марката за дури 16,5 милиони евра. Кој е среќникот што ќе го има, не е познато.

Видео