Bugatti Chiron Noire » Технички бисер вреден 3 милиони евра

Top News Новитети

Технички бисер вреден 3 милиони евра

Покриен со карбон и лимитиран на 20 примероци, Chiron Noire ќе чини 3 милиони евра

Објавено на 3 декември 2019 година

Пред 80 и кусур години, Bugatti направи четири примероци од La Voiture Noire, или на нашки кажано црниот автомобил. Беше и остана ремек дело кое имаше каросерија од композитниот материјал наречен Elektron кој можеше единствено да биде спојуван со заковки бидејќи беше лесно запалив. Со почит кон него, во овие современи времиња Bugatti подготви специјална едиција на Chiron, и тоа во две изведби. Магнезиумската легура на каросеријата е заменета со карбон, а моторот е стандардниот W16 со 1.500 KS и 1.600 Nm. Пакувањето е различно – Elegance изведбата ќе биде препознатлива по голите карбонски делови на каросеријата, црните сопирачки клешти и ексклузивните тркала. Се забележуваат и делови од полиран темен алуминиум, а и многу детали се фино затемнети. Кај Sportive верзијата карбонот е премачкан со мат црн лак, како и титаниумските издувни цевки и сите надворешни елементи – тркалата, спојлерот и другите елементи на ентериерот. Црно ќе падне на очи и кога ќе се слушне цената од три милиона евра, но не и на оние 20 среќници колку што примероци ќе бидат направени.

клучни зборови: ,