„Буба“ за милион долари

Овој автомобилски раритет има поминато само 37 километри
Објавено на 8 октомври 2018 година

Прашање за милион долари: Ќе даде ли некој точно толку пари за Volkswagen „Буба“ од 1964 година?! Место одговор, ќе ја прераскажеме приказната на колекционерот Руди Цварич од Орегон кој ја има купено како резерва, во случај неговата седум години постара „Буба“ да откаже послушност. Но, тоа никогаш се нема случено и резервната „Буба“ практично не е ни возена. Буквално е нова, не само затоа што има поминато едвај 37 километри, туку заради тоа што Руди како пасиониран колекционер ја има зачувано во оригиналната состојба. Дури не се монтирани ниту бришачите, раткапните и ретровизорите, кои сé уште стојат во багажникот. Затоа и за неа се бараат милион долари за неа. Плус на тоа, таа е од последната произведена „вистинска“ генерација бидејќи веќе од наредната 1965 година VW започна со вградување на малку закривено ветробранско стакло, поголеми бочни стакла и пар ситни измени во механиката. Уште се наведува и тоа дека уште кога ја купил ги испуштил сите течности од неа, ја покрил со прекривка и прописно складирал каде стоела сé до 2016 година, кога две години по неговата смрт неговиот наследник за прв пат ја поместил. За среќа, тој бил точно запознаен што Руди му остава и раритетниот автомобил го третирал како треба. Освен тоа што практично не видела сончева светлина половина век, куриозитет е и тоа што оваа „Буба“ никогаш не била не е измиена - на неа сé уште стоел „оригиналниот“ слој прашина од 1964 година, како и налепницата од салонот од кој е купена.

Погледнете ја фото-галеријата и уверете се и сами за состојбата во која се наоѓа.

клучни зборови: занимливости, фото галерии, Volkswagen

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе