Aston Martin Vanquish

Британска загатка вредна 20 милиони фунти

Некој ги има купено алатите и техничките цртежи на Aston Martin Vanquish - не се знае кој
Објавено на 29 октомври 2018 година

За прв пат во 105-годишното постоење, Aston Martin ги понуди своите акции на лондонската берза. Како подготовка за тоа, компанијата мораше јавно да ги објави сите детали за своето финансиско работење. Во документот од 320 страници еден податок привлече внимание - некој во јуни годинава платил 20 милиони фунти за алатите и техничките цртежи на Vanquish. Купувачот не е наведен, но е додадено дека договорот вклучува и 18-месечна техничка асистенција. Првата помисла дека се работи за кинеска компанија е малку веројатна. Тешко дека Кинезите би можеле да продаваат ваков модел под свои ознаки. Затоа повеќе се верува дека во прашање е некоја тјунинг работилница која се занимава со доработка на луксузни возила. Во овој бизнис во Европа постојат повеќе ценети имиња, но едно се издвојува. Станува збор за италијанскиот Zagato, со кој Aston Martin децении наназад има солидна соработка. Меѓу повеќето преработени модели беше и Vanquish, и тоа во две верзии.

Aston Martin го произведуваше овој гранд-турер до лани, кога го замени со DBS Superleggera. Како знаменосец на марката имаше V12 мотор, алуминиумска платформа и каросерија од композитни материјали. Се нудеше во купе и кабриолет изведби, по цени кои започнуваа од 190.000 фунти.


Aston Martin Vanquish

клучни зборови: занимливости, Aston Martin Vanquish

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе