Браво за нас!

Објавено на 28 мај 2018 година

Со новите цени на горивата, Македонија гордо чекори кон Европа - уште малку па ќе ги стигнеме. Навистина, не треба многу - ако поскапуваат на секои две недели по два денари како што вели Регулаторната комисија за енергетика, брзо ќе ги стигнеме и ќе ги поминеме. Дотогаш ни останува да се возиме за по 73,50 денари за литар од еуросупер БС-95, 75,50 за еуросупер БС-98 и 65 денари за литар еуродизел Д-Е V колку што од утре ќе изнесува нивната малопродажна цена. Заслужни за големите чекори напред како и секогаш се светските трендови, кои ја поскапеа суровата нафта во изминатиот 14-то дневен пресметковен период за 4,73%, доларот за 1,466% и референтните цени на бензинот за 5,5% и на дизелот за 5,81%. За да не останеме премногу далеку зад нив, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучи да се изврши зголемување на нашите рафинериски цени на нафтените деривати во просек за 5,56%, а на малопродажните за 3,90%.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе