BMW 3 :: Волшепство без волшебно стапче

Волшепство без волшебно стапче

Серијата 3 на BMW уште еднаш докажа зошто е еднакво почитувана насекаде низ светот
Објавено на 3 октомври 2018 година

Сто луѓе, двесте карактери – но сите, без разлика од кој дел на светот доаѓаат, се согласуваат во едно – почитта кон BMW серија 3. Затоа и посетителите на салонот во Париз поитаа да ја видат новата, седма по ред генерација на баварскиот модел. Како најпопуларен и најпродаван автомобил од Минхен таа секогаш освојува со комплетноста на решенијата, овој пат во голема мерка направени по урнек на актуелната серија 5. Како клучен модел на баварскиот производител во очите на купувачите, тој се одликува со константно подобрување на сите свои карактеристики, дури и а тие на кои нема замерки. Внатрешноста, на пример, која со мало зголемување на габаритите со помош на паметната конструкција нуди поголема пространост и подобар комфор. Со обемната употреба на алуминиум и челик со висока цврстина тежината е намалена за околу 75 килограми, што заедно со напредната платформа му дава подобра динамичност во возењето. За тоа придонесува и современата гама мотори. Носител на продажбата меѓу бензинците ќе биде дволитарскиот агрегат за 320i со 185 KS, додека најпопуларниот дизел 320d е засилен на 190 коњи. На љубителите на перформансите им се наменети M340i xDrive набиен на 387 KS и новиот M3 кој под хаубата ќе има 475 KS. На нив сепак ќе се чека до идната година кога ќе започне продажбата на новата серија 3, а дотогаш гамата ќе ја дополнуваат 330i со 258 KS, 318d со 150 KS и 330d со 265 KS.

Што се однесува до дизајнот големи изненадувања нема. Не треба ни да има, бидејќи серијата 3 отсекогаш ја краселе трајни вредности.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER