BMW серија 4 » Како ќе реагираат купувачите?

Како ќе реагираат купувачите?

После обновените серии 5 и 6 GT, BMW го претстави најконтроверзниот модел уште од времето на Крис Бенгл

Објавено на 9 јуни 2020 година

Серијата 4 со концепт беше најавена на есенскиот салон на автомобилите во Франкфурт, кога со својата еволуција на естетиката предизвика многу остри реакции. Но Германците останаа на своето и го пласираа со огромните бубрези. Тие толку се големи што го приковуваат погледот на нив не дозволувајќи му да ги забележи мускулесто обликуваните линии на каросеријата какви што кај BMW ретко гледаме. Посебно на задниот дел каде тие се спојуваат во една спортски складна целина која наметнува почитување. Останува да се види како ќе реагираат купувачите на кои новата серија 4 ќе им биде достапна од октомври.

А ним таа освен статусен симбол ќе им донесе и задоволство во возењето овозможено од палетата мотори избрана од серијата 3. Од неа се исфрлени најслабите и основната верзија на серијата 4 располага со 184 коњи извлечени од дволитарски бензинец. Истиот агрегат е на располагање и со 258 коњски сили, а до појавувањето на M4 најсилен ќе биде шестцилиндричниот трилитарски мотор со 374 коњи хибридно од 48-волтната технологија засилен со уште 11. Слично распоредена е и дизелската понуда – трите агрегати од два и три литри ќе потераат во галоп 190, 286 и 340 коњи. Сите модели стандардно се опремени со осумстепена автоматика, а дел од нив и со погон на сите тркала. Кај ентериерот нема изненадувања – освен седиштата тој изгледа како целосно преземен од серијата 3. Дополнителна разлика ќе створи опционалната дигитална инструмент табла од 12,3 инчи впарена со 10-инчен централен екран. Безбедносните системи се толку бројни што не ни можат да се набројат, со што треба да се оправда скоро за десет илјади евра повисоката цена од онаа на серијата 3.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER