BMW – нов допринос на екологијата

Top News

Технологија на иднината eDrive Zones започнува од Велика Британија

BMW е првиот производител на автомобили кој употребува технологија на Геолошки меѓи преку ГПС!

објавено 10 август 2020

Во време кога градовите забрзано дискутираат за правење зони на ниско загадување од возила, BMW направи важен допринос за зголемување на атрактивноста на електромобилноста со лансирање зони на електрично возење во Лондон и Бирмингем. Оваа технологија е специјално развиена за плаг-ин хибридите на BMW кои имаат можност да поминат на струја повеќе од 60 километри. Овие модели се изработуваат со цел да се намали загадувањето во градовите со возење со нулта емисија на штетни гасови. Новата технологија им помага на возачите токму во тоа. BMW eDrive Zones е нов дигитална услуга која го автоматизира процесот на префрлање на електричен погон кога возилото ќе влезе во дефинирана област на градовите.

Технологијата функционира со помош на навигацискиот систем доколку е ставена одредена дестинација. Во тој случај зелените зони се препознаваат и графички се појавуваат на централниот контролен дисплеј на навигацијата а автомобилот автоматски се префрла во електричен модус на работа. За сега eDrive Zones системот ќе биде имплентиран во тек на иднагта година во Лондон и Бирмингем а доколку се покаже како ефективен во борбата против загадувањето и поддржувањето на зелените зони тогаш во иднина ќе се прошири во уште градови на Обидинетото Кралство и Ирска. BMW eDrive Zones технологијата обезбедува многу бенефити. За возачите автоматизираната природа на услугата ќе ја намали потрошувачката на гориво и ќе ги намали трошоците на употреба на возилото додека градовите ќе профитираат со почист воздух и намалување на бучавата бидејќи возилата кога се движат на струја се потивки. Со овие две придобивки се зголемува квалитетот на животот.

Лансирањето на оваа нова технологија обезбедува плаг-ин хибридните модели на BMW да им нудат на потрошувачите најдоброто од двата света: возење со електрична енергија во град, каде што се прави најголема разлика и високоефикасен мотор со внатрешно согорување за да покрие долги растојанија. Значајниот придонес на плаг-ин хибридните возила може многукратно да го намали емисиите на издувни гасови во градовите. Тоа е докажано во раното испитување на оваа технологија, спроведено во Холандија во 2018 година. Резултатите од овој истражувачки проект покажаа 90% од сите патеки во пробната зона во Ротердам дека беа возени во режим само со електрична енергија.