Bentley Bentayga V8 :: Без чудење, молам!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Без чудење, молам!

Објавено на 25 јануари 2018 година

Откако ја изгради репутацијата на најбрз теренец во светот, од годинава Bentley Bentayga ќе биде достапен и со 4-литарскиот V8 мотор од Porsche Panamera Turbo. Иако со своите 550 коњски сили е многу блиску до големиот W12 агрегат, тој е наменет за порационалните купувачи. Нуди слична доза адреналин илустрирана со забрзувањето до сто за 4,5 секунди и максималните 290 километри на час. Погонот и понатаму е на сите тркала, преку 8-степен автоматски менувач. Деактивирањето на цилиндрите и старт-стоп системот овозможуваат во техничките податоци да биде Bentley Bentayga V8наведено дека просечно троши 11,4 литри гориво на сто километри. Карбон-керамичките сопирачки со дискови од 440 милиметри напред и 370 назад располагаат со клешти со 10 клипа. Сместени зад 22-инчни тркала, за нив од Bentley истакнуваат дека се најголеми вградени во сериски автомобил. Освен во поедини детали, Bentley Bentayga V8 визуелно скоро да не се разликува од неговите W12 и TDi верзии. На салонот во Женава во март се очекува и plug-in хибридна варијанта.

Bentley Bentayga V8

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER