Берлин кажа „халт“ на старите дизели

Судот пресуди - Берлин останува без стари дизели
Објавено на 10 октомври 2018 година

Берлинскиот управен суд им пресуди на дизелите - донесена е одлука дека германскиот главен град на некои улици треба да воведе забрана за сообраќај на старите дизели чија емисија на азотни оксиди ги надминува дозволените количини. Во образложението на судот се наведува дека иако нивото на азотни оксиди е во опаѓање, забраната за сообраќај на старите дизели е единствен начин загадувањето да се сведе под дозволените 40 микрограми на кубен метар. Забраната се однесува на сите возила што имаат Еуро 5 или постара норма. Судскиот процес го покрена здружението за заштита на околината кое бара забраната за Еуро 4 дизелите да стапи од крајот на годинава, а на Еуро 5 од септември идната. Се проценува дека со забраната ќе бидат опфатени 200.000 возила, кои нема да може да сообраќаат на делови од 11 улици со вкупна должина од 15 километри. Колку за информација Берлин, има 5.343 километри улици.

Слична забрана во февруари ќе стапи на сила и во Франкфурт и Штутгарт.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе