Bentley Bentayga Speed – не е за Европа

Видео Новитети

Нај брзиот само за избрани пазари!

Bentayga Speed нема да биде достапнa на стариот континент

објавено 17 август 2020

Неодамна ”летечкото Б” ја промовираше рестилизираната генерација на Bentayga која за само еден месец ја доби најсилната верзија Speed со W12 мотор кој испорачува 635 коњи и мамутски вртежен момент од 900 Nm! Тоа е доволно да се совлада спринтот до стотка за само 3,9 секунди и да се достигне крајна брзина од 306 км/ч. Навистина импресивни параметри, но тие ќе бидат вон дометот на европските купувачи без оглед колку се подготвени да платат. Во моментот приоритет се пазарите на Блискиот Исток, САД и Азијско-Пацифичкиот регион.

За разлика од моделите со V8 мотор, спортскиот режим на контрола на динамиката на возилото е повторно калибриран со цел да се оптимизира реакцијата на моторот и осумстепениот автоматски менувач. Покрај тоа, воздушната суспензија и системот за динамичко возење се прилагодени за оваа пригода. Опционално достапните јаглерод-керамички сопирачки за Bentayga Speed се најголемите и најмоќните сопирачки достапни од Bentley. Предните и задните светла, модифицираните предни и задни браници, како и проширените задни крила ја потенцираат посебната изведба. Издувните цевки за оваа прилика се дизајнирани во овален дизајн, кој го најавува W12 моторот. Палетата на каросеријата има 88 бои, додека кожата на внатрешноста има 15 и осум дрвени фурнири. „Црната спецификација“ е опционално достапна, со позлата на сите ленти, сјајни детали и некои други елементи за каросерија во црна боја со висок сјај. Изгледот на Blackline е комплетиран со закривениот спојлер на покривот изработен од јагленородни влакна, кој ја заменува стандардната верзија. Дел од внатрешноста е поголемиот дисплеј од 10,9-инчи со висока резолуција екран со облога што ги намалува рефлексиите и сјајот.

Покрај тоа, функционалноста на допир е значително подобрена. Екранот сега ја зафаќа целата ширина на централната конзола. Напредниот систем за навигација е опремен со бесплатно пребарување на текст, упатството за маршрутата е проширено за да вклучи тродимензионален приказ на згради и сателитски карти. Сето тоа е убаво ама што не е достапно за европските купувачи ќе ве натера парите да ги потрошите на друг модел!

Видео