Auto Best 2019 :: Француско-германското трио ја освои титулата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Француско-германското трио ја освои титулата

Citroën Berlingo, Opel Combo Life и Peugeot Rifter ја освоија титулата AutoBest 2019 – Best Buy car of Europe
Објавено на 14 декември 2018 година

Новите Citroën Berlingo, Peugeot Rifter и Opel Combo Life ја освоија AutoBest 2019 – Best Buy car of Europe титулата. Со вкупно 14.076 поени, триото на PSA го освои првото место со само 148 поени пред новата генерација на Ford Focus. 12-тата генерација на Toyota Corolla се најде на третото место со вкупно 13.846 поени, само 82 поени помалку од Focus. После нив во финалното рангирање следат Kia Ceed, Citroen C4 Cactus и втората генерација на Dacia Duster. Деталните резултати се објавени на веб-страницата на AutoBest, www.autobest.org.

“Задоволство ми е да им честитам на раководството на 3-те бренда на PSA кои ја освоија AutoBest 2019 титулата! Конкуренција беше тешка со многу силни конкуренти. Во однос на каросериските изведби и погонските групи, ова дефинитивно беше најразновидниот AutoBest во последниве години. Изборот на жирито за “Ludo Space” тип на возило е храбра одлука која уште еднаш ја потврдува решеноста да се откријат новите трендови, давајќи му на просечниот европски потрошувач вистински водич за купување на автомобили што се погодни за утре!”, рече Илија Селиктар, претседателот на жирито.

Peugeot Rifter заедно со своите браќа Citroën Berlingo и Opel Combo Life ја освоија титулата AutoBest 2019 – Best Buy car of Europe

“Победата на триото на PSA е сосема заслужена за оваа нова платформа конструирана од автомобилска перспектива со можност да обезбеди различен персоналитет кој одговара на она што го нуди секој бренд. Платформа која убеди две меѓународни жирија од автомобилскиот и доставниот сегмент и која веројатно ќе биде една од најдобро продаваните во следниве години. Ова е прв пат во нашата историја да имаме повеќекратен победник. Лично ми е драго за изборот на AutoBest жирито на овој каросериски стил како вистинско изразување на Best Buy Car of Europe”, рече Дан Варди, основач и претседавач на AutoBest.

Откако 18 години практично беше непроменет, легендарниот AutoBest начин на гласање беше надграден за ова издание за да ја опфати иднината на мобилноста која сега вклучува повеќе еколошки технологии, поврзаност и автономни возни способности. Ова е првиот чекор од новиот приод кој жирито го воведува по објавувањето на AutoBest Credo од минатата година. Во наредните години ќе има повеќе новини кои ќе го стават AutoBest во првите редови на автомобилските медиуми кои ги проценуваат новите автомобили и технологии. Со 31 застапена земја, AutoBest е најголемото независно автомобилско жири во Европа чие членови претставуваат повеќе од 95% од европската популација.

Со CompanyBest 2018 е награден Aston Martin Lagonda

Наградата CompanyBest 2018 отиде кај Aston Martin Lagonda. Таа е признание за неверојатната трансформација на британската компанија под раководство на д-р Енди Палмер и неговиот менаџерски тим. Веќе истакнат член на нашата ManBest Алеја на славните заедно со најдобрите менаџери во автомобилската индустрија, пристигнувањето на д-р Палмер во компанијата сигнализираше ново рестартирање за еден век старата марка, изборот на Џејмс Бонд. Планот за новиот век воведен пред само неколку години веќе покажува резултати правејќи ја компанијата профитабилна со воведувањето на одличните нови модели кои се многу добро примени на пазарот. Покрај тоа, под новото раководство Aston Martin започна нова ера како луксузен бренд надвор од автомобилскиот свет.

SafetyBest 2018 отиде кај Hyundai за новиот Rear Occupant Alert кој ги намалува опасностите за децата во топол автомобил

Членовите на AutoBest жирито ја изгласаа Rear Occupant Alert технологијата на Hyundai за освојувач на наградата SafetyBest 2018. Овој пионерски систем ги открива движењата на задните седишта и делува како превенција родителите да не ги оставаат децата во топол автомобил. Оваа функција е многу корисна за заштита на животите на децата во потопли земји каде што во последно време се појавија многу случаи со трагични последици. AutoBest жирито го посочува Hyundai како пример што треба да го следат другите производители за ваквите системи да се најдат во идните модели автомобили, особено во оние семејно ориентираните.

SmartBest 2018 го доби BMW за Intelligent Personal Assistant

За исклучителниот придонес во поврзувањето на возачот и вештачката интелигенција во автомобилот, наградата SmartBest 2018 отиде кај BMW за неговиот Intelligent Personal Assistant. Со оваа престижна награда жирито ја препозна одличната способност на BMW IPA за непречено да обезбеди мноштво информации, но исто така и природни реакции на потребите на возачите и, пред сè, да соработува со другите постоечки виртуелни асистенти кои ги користи сопственикот на автомобилот на други уреди. Соработката на повеќе виртуелни асистенти е она што прави Intelligent Personal Assistant да биде чекор напред.

Jaguar I-Pace ја доби EcoBest 2018 наградата

Jaguar I-Pace е добитник на наградата EcoBest 2018. Првиот електричен Jaguar исто така е и првиот премиум електричен SUV кој доаѓа од европски производител. Тој е еден од технички најнапредните автомобили што се појавија оваа година и е брилијантен израз на техничките можности на Jaguar Land Rover. Храбар проект од компанија значително помала од Audi, BMW и Mercedes-Benz, кои исто така имаат испланирано конкуренти на I-Pace. Тој ја менува играта во брзорастечкиот сегмент на еколошки автомобили. Совршен пример на AutoBest значењето за EcoBest.

Добитниците на наградите ManBest, TechnoBest, DesignBest и SportBest беа објавени после салонот на автомобилите во Париз. 18-тото доделување на AutoBest наградите ќе се одржи на 7-ми февруари 2019 година во Брисел, Белгија. Следејќи ја традицијата, меѓународното AutoBest жири секоја година ги доделува наградите во друга земја. Претходната AutoBest Гала манифестација се одржа во Салцбург, Австрија.

Европското AutoBest жири им се заблагодарува на читателите од цела Европа за поттикнување на проектот и службите за односи со јавноста во автомобилската индустрија за обезбедување на целосна поддршка во организирањето на средбите и спроведувањето на тестовите на новите производи.

За AutoBest

AutoBest организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт на “Best Buy автомобил”, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. Вкупно 31 европски нации сега се претставувани во жирито, покривајќи огромно мнозинство од населението во Европа. За еден автомобил да стане AutoBest победник мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER