Honda & Nissan – Пишман аџии

Спојувањето, кое би вредело 58 милијарди долари, и би го создало четвртиот најголем производител на автомобили во светот паѓа во вода? Рационалните Јапонци неможат да се согласат околу новата алијанса Honda-Nissan и наскоро ќе го формализираат прекинот на спојувањето. Според извештајот, директорите на Honda биле фрустрирани од бавниот напредок на Nissan, вклучително и во неговиот […]
VW ID.1 – Пристигнува во 2027 година

Најмалиот електричен автомобил на VW ќе се произведува во Германија и ќе чини 20.000 евра Извршниот директор на германскиот производител на автомобили, Томас Шафер, го најави новиот проект како дел од планот за консолидација и проширување на гамата БЕВ од Волфсбург по пристапна цена. Во форма на концепт возило ќе биде прикажан идниот месец кога […]
ЕУ – Унифицирани субвенции за ЕВ

Заклучувајќи дека Европа заостанува во електричната трка, креаторите на економската политика на Стариот Континент работат на предлог за воведување заеднички субвенции. Намерата е да се даде поддршка на европските автомобилски производители додека продорот на кинеските компании се кочи. За да успее ова решение кое се смета за прагматично субвенциите треба да бидат усогласени низ сите […]
Фабриките за батерии во проблеми

Во очекување на експлозивен пораст на продажбата на електрични возила, минатата деценија инвестирањето во фабрики за производство на батерии изгледаше како одлична деловна можност. Сега се бара спас…
Smart #5 – Од струја на приклучен хибрид

Под притисок на променетите услови на пазарот, Smart планира да понуди плаг-ин верзии на средно големиот кросовер #5. Компанијата која е заедничка меѓу Mercedes и Geely имаше план да прави само електрични возила, кој очигледно беше преамбициозен. Главните причини за тоа се отстапувањето од гените на оригиналниот Smart и нагласеното премиум позиционирање што резултираше со […]
Iveco – 50 години успех

На средината на седумдесеттите години од минатиот век дојде до тектонски промени на европскиот пазар на комерцијални возила – пет мали производители од Италија, Франција и Германија се здружија и го формираа Iveco. Целта беше јасна – да се намалат трошоците и зголеми конкуренцијата. За тоа требаше да помине некое време бидејќи Fiat, OM, Lancia, […]
Geely Coolray – Стана милионер

Geely Coolray стигна до ѕвездени височини Продажбата на субкомпактниот кросовер достигна еден милион примероци. Претставен во 2018 година, овој модел се продава во педесетина земји главно од третиот свет и Источна Европа. Ги освојува купувачите со својот младешки дизајн, добрите перформанси и секако привлечната цена. Досега два пати беше обновуван а за глобалниот пазар се […]
Audi – Повторно ги менува ознаките на моделите

Иако тоа веќе го направи пред нешто повеќе од една година, Audi повторно ги редефинира ознаките Во март 2023 година, Audi ги објави плановите за нова шема за именување на модели за подобро да се разликуваат автомобилите со мотори со внатрешно согорување од електричните возила. ЕВ требаше да користат парни броеви, додека моделите со мотори […]
Opel Combo 4×4 – Прв од својот вид

Рестилизираната верзија на Opel Combo се засили со електро мотор на задната оска Иако Opel во понудата на комерцијални возила има електрични и хидрогенски, ја проширува гама со 4х4 погон на иновативен начин. Во соработка со францускиот специјалист Dangel, Combo со 1,5 литрен турбо-дизел мотор и 130 КС, доби електромотор на задната оска и така […]
Интервју со Виктор Мизо

Виктор Мизо, генералниот директор на Костал Македонија и потпретседателот на Стопанската комора на Македонија за странски инвестиции, беше наш гостин. Во ова интересно интервју ги согледавме актуелните состојби во автомобилската индустрија.