Audi казнет со 800 милиона евра

Заради емисиите на издувни гасови, Audi драконски е казнет
Објавено на 16 октомври 2018 година

Audi денес соопшти дека заради кршење на прописите поврзани со издувните гасови на шест и осумцилиндричните дизел мотори е казнет со 800 милиона евра од страна на судот во Минхен. Во своето известување за јавноста германскиот производител исто така додава дека ја прифаќа оваа драконска казна и дека нема да се жали на неа. Заради тоа, битно променети се и прогнозите за резултатите од работењето на компанијава за годинава. Се огласи и Volkswagen групата, чии финансиски показатели, односно заработка, исто така се погодени. Со овој потег Audi практично се изјаснува дека ја признава својата одговорност во сé што се случуваше околу отстапувањата на емисиите на дизел моторите од регулаторните барања.

Пред некој месец Volkswagen за истото доби казна од милијарда евра, а германските власти го уапсија генералниот директор на Audi Руперт Штадлер.

клучни зборови: занимливости, Audi

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе