Aston Martin: Жените се главните „виновници“ за SUV-експанзијата (со видео)

Жените се главните „виновници“ за SUV-експанзијата (со видео)

Во очекување на лансирањето на новиот DBX, од Aston Martin ги објаснија причините за своето влегување во SUV-класата

Објавено на 26 јуни 2019 година

Жените одлучуваат во преку 80 отсто од случаите кога е во прашање купувањето автомобил, вели Сајмон Спроул, шефот на маркетингот на Aston Martin. Тој изричито наведува дека токму жените стојат зад бумот на продажбата на SUV-моделите, заклучок што го имаат донесено пред одлуката за лансирање на новиот DBX на основа на големото истражување за потребите и желбите на купувачите на вакви модели. Според неговите зборови, жените возачи се чувствуваат побезбедно и позаштитено, впечаток што им го дава подобрата прегледност на SUV-возилата. На продажниот тренд на рака одеше и ублажувањето на порано грубиот изглед на теренските возила, момент што посебно беше одбележан со појавувањето на кросоверите.

Ако на сето ова се додаде и традиционалното влијание на убавината на возилото над неговите технички можности, јасно е зошто Спроул тврди дека е логично убедувањата на жените да имаат значајно влијание на автомобилскиот пазар.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER