Aston Martin – Нема време за умирање

Занимливости Фото

Сон на секој таен агент

Само 120 примероци на двата најнови 007 автомобили

објавено 20 август 2020

За да го обележи појавувањето на јубилејниот 25-ти филм од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд Aston Martin објави дека ќе има ексклузивно издание на двата модели што се појавуваат во најновата екранизација. Под името ”Едиција 007” вкупно 120 примероци на DBS Superleggera  и Vantage ќе бидат пуштени во продажба исто онакви како што ќе бидат видени во филмот чија премиера е презакажана за ноември. Сепак  Aston Martin веќе започна со приемот на нарачките на лимитираните серии. Vantage со V8 мотор ќе можат да го нарачаат 95 среќници додека мускулозниот DBS Superleggera со 5,2 литрениот V12 Twin-Turbo мотор кој испорачува 725 коњи ќе се произведе само во 25 примероци. Цената на изведбите 007 за Vantage изнесува околу 161.000 евра додека врвниот DBS Ѕuperleggera 310.000 евра. Во оваа сума не се вклучени триковите што ги подготви инженерот на тајната служба, фамозниот Q. Испораката на нарачките започнува од првиот квартал на идната година. Кој нема да може да нарача еден од овие два убавци нека ужива во нивните фотографии.