AMG Experience Centre – во Кина

Занимливости

Патеката Жејианг домаќин на AMG

Mercedes-AMG ја прoширува продажната мрежа во нов формат

објавено 25 август 2020

Поставувајќи нови цели, Mercedes-AMG го отвори првиот центар каде може да се доживее марката во секоја нејзина пора. Лоциран на патеката Жејианг, одалечена од Шангај два часа возење, AMG искуството е пренесено во рамките на објектот кој зафаќа 1305 м2. Овој простор е поделен на 12 функционални површини и четири области исполнети со дисплеи, целина која на посетителите им пружа целосно доживување. Благодарение на технологијата на виртуелна реалност овозможено е детално прикажување на технологиите имплементирани во возилата, персонални презентации и темелни информации. За љубителите на шопингот наменето е место со грижливо одбрани дребулии изработени за AMG. Сепак центарот е наменет за доживување на марката, а нејзиниот имиџ е тесно поврзан со перформансите. За ентузијастите понудени се симулатори за тркање од последната генерација кои овозможуваат контролирање на виртуелниот автомобил преку сензори кои ги регистрираат мозочните бранови. Како круна на доживувањето е понудената ергела на возила предводени од тркачките GT3 и GT4 во кои посетителите ќе може во реалност да ја почуствуваат фасцинацијата на тркањето. Еднаш месечно на патеката Жејианг се нуди ден на AMG кога 3,2 километри долгиот асфалт се пегла со возилата во сопственост на купувачите или пак од тамошната флота. Со ова присуството на марката во Кинасе цементира. Досега има отворено 120 продажни места наречени AMG перформанс центар и два ексклузивни центри на брендот во Пекинг и Шангај. Центарот за доживување на AMG е третиот столб на присуството и развојот на брендот во Кина кој е најголем негов пазар.