Chevrolet Silverado

Американците доживеаја голем шок!

Објавено на 1 јуни 2018 година

Chevrolet изненадно објави дека новата генерација на Silverado ќе има четирицилиндричен мотор. Овој full-size пикап ќе биде првиот што ја преминува границата, што сé досега се сметаше за светогрдие. Во General Motors се свесни за ризикот, заради што очекуваат само 10% од купувачите да се определат за овој мотор. А тој ниту е мал, ниту слаб како што таму го доживуваат. Има 2,7 литри работна зафатнина и 310 коњски сили извлечени со помош на турбо компресор. Располага со старт-стоп технологија и систем за деактивирање на цилиндрите, 
Chevrolet Silveradoа ќе биде впарен со 8-степена автоматика. Со него Chevrolet Silverado ќе забрза до 60 милји на час за помалку од седум секунди. Овој пикап ќе се нуди уште и со еден V6 и два V8 бензински мотори со максимални меѓу 285 и 420 коњи. Ќе има и 6-цилиндрична дизел верзија, за која техничките податоци не се соопштени. Најмалата според димензиите изведба на Silverado е долга 5,2 метри и широка повеќе од 2 метра. Цените на новиот четирицилиндричен модел кој ќе се појави на пазарот доцна летово, не се познати.

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Chevrolet Silverado

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии