Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe :: Задоволство вредно 150 илјади евра – минимум!

Новитети

Задоволство вредно 150 илјади евра – минимум!

Mercedes ги објави цените за моделот AMG GT 4-Door Coupe
Објавено на 29 јули 2018 година

Премиерно претставен на салонот во Женева, Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe наскоро ќе пристигне во продажните салони, по цена од 150 илјади евра минимум. Или поточно 150.118, колку што чини верзијата GT4 63, додека за помоќната GT4 63 S изведба купувачите ќе мора да одвојат 167.016 евра. Ценовната спирала тука не завршува – првите од нив ќе ги добијат своите примероци од Edition 1 серијата која ќе се произведува само 12 месеци за 185.342 евра, додека потрпеливите ќе бидат наградени со нова понуда со ознака GT4 53, која ќе биде малку послаба и поевтина.

Првите примероци на ова луксузно спортско купе со четири врати настанато како одговор на Porsche Panamera ќе бидат испорачани на почетокот на есента.

клучни зборови: