Toyota од два милиони долари

Занимливости

Toyota од два милиони долари

Концептот Supra ја чинеше Toyota дури два милиони долари
Објавено на 3 август 2018 година

Развојот на нов автомобил не е евтин. Тоа најдобро го потврдува примерот на Toyota GR Supra Racing, за чиј концепт Јапонците потрошија два милиони долари да го произведат. Концептот не е на продажба, иако можеби би имало заинтересирани за него – дури и со ваква цена. За среќа на сите останати, серискиот модел кога ќе стигне во продажните салони сепак ќе чини многу помалку – се очекува јапонскиот спортист да има почетна цена од околу 50.000 евра. Под поклопецот на моторот ќе се најде шестцилиндричен трилитарски твин-турбо мотор, кој ќе развива околу 380 KS.

Toyota престана да ја произведува Supra во 2002 година, а новата генерација својата премиера веројатно ќе ја има оваа есен на парискиот салон на автомобилите.

клучни зборови: