Доделени Верна наградите од четврто редовно и второ мастер коло

Македонија

Доделени Верна наградите од четврто редовно и второ мастер коло

Најсреќниот сопственик на Верна картичка на Макпетрол дома си отиде со чамец со управувачки механизам, вонбродски мотор и приколка
Објавено на 17 август 2018 година

Денес во продажно-сервисниот салон на Honda беа доделени наградите од четврто редовно и второ мастер коло од наградната игра на Макпетрол „Верна повторно наградува”. На настанот свое учество земаа претставници на компанијата, како и најсреќните добитници. Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг во своето обраќање изјави дека и во оваа сезона на летни и годишни одмори со полна пареа Макпетрол продолжува со реализација на зацртаните активности на сите полиња. Меѓу нив секако е и извлекувањето на среќните добитници кои, компанијата ги наградува за нивната поддршка и лојалност. „Преку Верна програма за лојалност уште повеќе се доближуваме до нашите корисници кои повеќе од 70 години го препознаваат нашиот квалитет и недвојбено ни помогнаа да израснеме во компанија – лидер во својата област на македонскиот пазар”, изјави тој.

Макпетрол со помош на програмата за лојалност Верна трета година по ред организира наградна игра со вредни награди. Годинава во план е доделување на 80 ваучери за Кристал Кар, 80 ваучери за Лубекс моторното масло, 80 пати по 1.000 Верна поени, 80 ваучери за гуми, 8 викенди за двајца во хотелите на Макпетрол во Струга и Маврово, 8 Dell лап-топи, 2 скутери Honda, чамец со мотор Honda и приколка, како и автомобилите Honda Jazz и Civic. За наградите предвидени за четвртото редовно коло учествуваа скоро 250.000 квалификувани трансакции, додека во извлекувањето на второто мастер коло учествуваа речиси 370.000 квалификувани трансакции направени од сопствениците на Верна картичка. Најсреќните од нив – Драган Митев и Виолета Софрониевска, дома си отидоа со лап-топ Dell и чамец Ocean Master 390, комплет со управувачки механизам, вонбродски мотор Honda од 40 KS и приколка.

Членството на Верна програмата за лојалност веќе се доближи до бројката од 145.000 корисници, кои на продажните места на Макпетрол досега имаат остварено 8.250.000 трансакции. Макпетрол како компанија континуирано е посветена кон грижата за потрошувачите преку бескомпромисно одржување на високото ниво на стандардите за квалитет, како на горивата така и на услугите и останатите производи, така што, како што изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба, постојано се стреми да биде во чекор со технолошкиот развој и светските трендови, па затоа, меѓу другото, ја лансираше Верна ГО мобилната апликација која има за цел да го олесни планирањето на патувањата и истовремено да информира за тековните акции и поволности. Оваа првична верзија на мобилната апликација во иднина ќе биде проширена и подобрена Верна картичка преку која членовите на Верна програмата не само што ќе можат да бидат во чекор со планираните патувања, туку дополнително ќе имаат увид и во сопственото Верна конто.