Бојата на парите…

Македонија

Бојата на парите е бела!

Интересна вест ни дојде овој петок од Македонијапат
Објавено на 10 август 2018 година

Според денеска објавените информации, јавното претпријатие Македонијапат кое е задолжено за одржување на патиштата во Македонија, набави бела боја за бележење на патиштата за околу половина милион евра планирана за активностите на ова претпријатие во една година. Покрај бојата, набавени се и неопходните дополнителни материјали за нејзино нанесување – разредувач и рефлексен материјал. Планирано е целокупниот материјал да биде искористен за бележење на магистралните и регионалните патишта за чие одржување е задолжено ова наше претпријатие.