Porsche Macan 2019 (видео) :: Подготвен и за теренски авантури

Видео Видео на денот

Подготвен и за теренски авантури

Обновениот Porsche Macan снимен на тестирањата во Африка
Објавено на 17 јули 2018 година

Ја стекна славата како луксузен компактен SUV, но Porsche Macan сепак е возило кое може да се снајде и на помалку пријателски терени од автопатиштата. Темелно ревидиран за вториот дел од својот живот, Porsche го испрати во Африка за да провери за какви сé услови е подготвен. Очигледно задоволни од резултатите, Германците го објавија видеово од тестирањата на помалото братче на Cayenne на надморски височини од преку 3.400 метри низ беспаќата на Лесото.

клучни зборови: