Ограничување на сообраќајот :: Внимателно по булеварот Илинден

Македонија

Внимателно по булеварот Илинден

Објавено на 30 јули 2018 година

Заради градежни работи околу изведување гасоводна мрежа на булеварот Илинден во Скопје од страна на акционерското друштво ГА-МА, сообраќајот на оваа клучна градска улица ќе биде ограничен меѓу крстосниците со булеварот 8-ми Септември и улицата Манапо кај Сити мол, во насока од Центар кон Карпош. Градежните активности ќе се изведуваат по фази, а времениот сообраќаен режим на овој дел од булеварот ќе трае сé до нивното завршување. Од центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје кој го дистрибуираше ова соопштение, не се наведува кога е планирано тоа.