Прекинат сообраќај на патот Охрид-Кичево

Македонија

Прекинат сообраќај на патот Охрид-Кичево

Објавено на 20 јули 2018 година

Сите што попладнево тргнаа за Охрид можеби ќе мора да преспијат на само неколку километри од градот – поради сообраќајна незгода сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на Аеродром во Охрид, е во прекин за сите возила во двете насоки. Засега нема информации за евентуални настрадани, ниту пак за тоа кога се очекува нормализирање на сообраќајот. Сообраќајот на сите други државните патишта се одвива по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.