Ура, горивата поевтинија!

Македонија

Ура, горивата поевтинија!

Објавено на 23 јули 2018 година

Добра вест за годишноодморците – горивата поевтинија. Според пресметките на регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, од ноќеска на полноќ бензините ќе чинат за денар, а дизелот за денар и половина помалку, односно цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,00 денари за литар, цената на еуросупер БС-98 73,00, додека цената на еуродизел Д-Е V пак 62,50 денари за литар. До овие бројки е дојдено по заслуга на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-то дневен период беше за 3,43% пониска од просечната цена на суровата нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, курсот на денарот во однос на доларот кој се зголеми за безначајни 0,297% и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои забележаа намалување – кај бензинот за 2,80%, а кај дизелот за 2,24%.

За жал, за ретките кои користат метан како погонско гориво нема добри вести – компримираниот природен гас повторно поскапе и сега килограм од него чини 38 денари.